Седум титули за Македонија на изборот за убавина „Little Miss & Mister Galaxy 2022“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/22 1:28 PM

Седум титули за Македонија на изборот за убавина „Little Miss & Mister Galaxy 2022“

Седум титули за Македонија на изборот за убавина „Little Miss & Mister Galaxy 2022“ кој вчеравчер се одржа во Банско, Бугарија. Македонија имаше седум претставници во различни возрасни категории и сите 6 успеаа од таму да се вратат со титули.

Малиот Михаил Михаилов, кој има 5 години од Куманово го освои првото место и титулата „Little Mister Galaxy 2022 Grad Prix“, десет годишната Нина Црнокрак од Скопје исто така го освои првото место и титулата „Little Miss Galaxy 2022 Grad Prix“, Матеја Дудиќ Дамјаноска, дванаесет години од Тетово ја освои титулата победничка „Pre – Teen Galaxy 2022“, четиринаесет годишната Дора Стефанова од Скопје ја освои титулата победничка „Miss Teen Galaxy 2022“ до 15 години возраст, Јована Угриноска, четиринаесет годишната од Прилеп ја освои титулата победничка „ Miss Teen Galaxy 2022“ во конкуренција до седумнаесет години и шестата наша претставничка, тринаесет годишната Елена Додевска од Скопје освои две титули, „little Princess Galaxy 2022“ и специјална титулата од општината Банско која беше покровител на манифестацијата.


Наградените дечиња на овој избор за убавина се членови на модното студио „Црнокрак“  кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој голем детски интернационален избор за убавина од Бугарија. Изборот се одржа во хотелот ГРАНД во Банско, во организација на модната агенција INTERSOUND од Софија, која 12 години по ред е домаќин на оваа манифестација.