Дури 62 отсто од испитаниците веруваат дека брадата не го прави попривлечен посилниот пол и велат дека никогаш не би биле во врска со брадест маж.
Лоши вести за сите мажи кои носат брада – не само што брадата полека излегува од мода, туку може да стане знак на најлошите човечки особини: насилство, неверство и нечесност.
Истражувањето на социјалната мрежа Ева, спроведено на 2.000 Британци, открива дека брадестите мажи имаат контроверзна природа. Меѓу оние испитаници кои сè уште сакаат брада кај мажите, 35 проценти рекле дека претпочитаат побелени бради.
Од друга страна, 45 отсто од брадестите мажи признале дека се склони кон насилно однесување, додека процентот на избричени мажи е само 29 отсто.
Исто така, 47 отсто од брадестите мажи изјавиле дека ја изневеруваат својата партнерка, наспроти голобрадите од кои само 20 отсто биле неверни.
40 отсто од брадестите и само 17 отсто од избричените изјавиле дека ја извршиле кражбата.
Преземено од: https://avaz.ba/