Легнала со настинка, се разбудила без сеќавања на последните две децении од животот – Докторите шокирани од нејзината дијагноза – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/22 7:00 PM

Легнала со настинка, се разбудила без сеќавања на последните две децении од животот – Докторите шокирани од нејзината дијагноза

Клер Мафет-Рис  една вечер доби симптоми на настинка. Следното утро паднала во кома 16 дена, а кога се разбудила не се сеќавала на ништо од претходните 20 години.

Оваа Британка, нејзиниот сопруг и двата сина, раскажале сè во едно гостување на телевизија и објаснила дека Клер всушност имала енцефалитис или воспаление на мозокот, поради што ги изгубила сеќавањата.

“Клер имаше настинка околу две недели, што ја префати од нашиот помал син. Постепено, нејзината состојба почна да се влошува и таа стануваше сè полетаргична”, рекол нејзиниот сопруг Скот. „Таа легна една вечер, а следното утро не можев да ја разбудам“.

Жената итно била пренесена во болница каде и била приклучена на респиратор. На почетокот лекарите се посомневале дека има крварење во мозокот, но тестовите утврдиле дека се работи за енцефалитис.

Енцефалитис е воспаление на мозокот, но лекарите биле шокирани од дијагнозата бидејќи не е толку честа појава. Во повеќето случаи предизвикува симптоми слични на грип, но може да биде и многу опасен и да предизвика трајно оштетување на телото.

Во исповед за британскиот весник „Сан“, Клер вели дека губењето на меморијата значи дека не се сеќава на некои важни животни настани.

„Иако знаев дека имам деца што ги сакам и препознавам, не можев да се сетам на раѓањата, нивните родендени, нивниот прв училишен ден. За среќа, се сетив на сите луѓе што ги познавам“, рекла жената.

„Кога станува збор за моите изгубени спомени, се уште има мали шанси да се вратат, но ако не, ќе морам да направам многу нови среќни спомени“, вели таа.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/
Фотографија: https://unsplash.com/