МВР: Денис Тот во болница е однесен во бесознаение – Хрватски медиуми: Претепан е во ноќен клуб – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/22 9:11 AM

МВР: Денис Тот во болница е однесен во бесознаение – Хрватски медиуми: Претепан е во ноќен клуб

Ракометарот Денис Тот во болница е однесен во бесознаение, потврдуваат од МВР за претепувањето на хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел, кој се бори за живот во една од скопските болници.

-На 07.04 во 04 .11 часот е пријавено од Клинички центар дека кај нив во бесознание е донесено лицето. Преземаме мерки и активности за расчистување на случајот, велат официјално од МВР за ММС.

Дека Тот е во критична состојба потврдија и од клубот, но не кажуваат повеќе детали.

Балканските медиуми претепувањето на хрватскиот интернационалец го нарекуваат „скандал“ и, како што пишуваат хрватските медиуми  ракометарот бил претепан во еден скопски нокен клуб, а дека камерите биле исклучени.  Но, МВР официјално ова се уште го нема потврдено.

Тот имал бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.

За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.

– Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.

Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде поконкретни и официјални информации за инцидентот.