Товарен авион на ДХЛ се преполови при принудно слетување во Костарика, во несреќа што предизвика привремено затворање на меѓународниот аеродром во Сан Хозе.
#BREAKING #NEWS | A DHL Boeing 757 Freighter has crashed at Juan Santamaria Airport in Costa Rica earlier today.
Read more at AviationSource!https://t.co/WISE3PjcHS#DHL #JuanSantamariaAirport #AvGeek #Crash #Accident pic.twitter.com/dIECOqQkee
— AviationSource (@AvSourceNews) April 7, 2022
Додека запираше на пистата, чад избиваше од жолтиот авион на германскиот логистички гигант, се излизга од пистата додека се вртеше и се преполови во предлот на задните тркала.
Video footage of the DHL Boeing 757 Freighter just as it skidded off the runway at SJO.
Read more at AviationSource!https://t.co/63ONa6oRCD
Source: Unknown#DHL #JuanSantamariaAirport #AvGeek #Crash #Accident pic.twitter.com/EI9ew6YVXN
— AviationSource (@AvSourceNews) April 7, 2022
Двајцата членови на екипажот се „во добра состојба”, изјави шефот на пожарникарската служба на Костарика, Хектор Чавес.
Сепак, пилотите од Гватемала се испратени во болница на медицински преглед, соопшти Гвидо Васкез, портпарол на Црвениот крст.
A much clearer version of the crash landing has emerged!
Source: Unknown#DHL #AvGeek pic.twitter.com/FCYbgFaW0H
— AviationSource (@AvSourceNews) April 7, 2022
Пилотот беше потресен, но и двајцата членови на екипажот беа свесни и „живо се сеќаваат на сè”, додаде Васкез.
Вчерашната несреќа се случила откако авионот Боинг-757, кој полетал од меѓународниот аеродром во Сан Хозе, морал да се врати 25 минути подоцна поради принудно слетување поради механичка дефект.
Екипажот ја предупреди контролата на летот за проблем со хидрауликата.
МИА
Фотографија: Twitter