Одбиено е барањето Аја Софија повторно да стане џамија – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/18 8:06 AM

Одбиено е барањето Аја Софија повторно да стане џамија

Некогашната византиска црква која била претворена во џамија по освојувањето на Цариград во 1452 година од страна на Отоманската империја,  во 1935 година од страна на Кемал Ататурк е претворена во музеј кој со години привлекува милион туристи од светот.

Турскиот врховен суд го одби барањето познатата Аја Софија во Истанбул, која моментно е музеј, повторно да се претвори во џамија, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Наведено е дека барањето на една религиска организација е одбиено со образложение дека го поднело здружение, а не поединец.

Сепак, до Владата на Реџеп Таип Ердоган пристигнуваат сè повеќе барања Аја Софија да се претвори во џамија. Ердоган во март се молеше во Аја Софија.