Британски туристи кои летуваа на Закинтос сведочеа на страшен настан, во кој беа повредени 7 лица, вклучувајќи и две дечиња. Ненадејно се сруши дел од карпите на Навагио плажата, најпопуларната и една од најубавите на Закинтос.
Една туристка е повредена кога се одронила карпа на позната плажа на островот Закинтос, Навагио, но нема исчезнати, соопштуваат грчките власти. Официјални лица од пристаништето соопштија дека плажата е евакуирана и дека било забрането бродови да се приближуваат до плажата. Локалните медиуми објавија изјава од очевидецот кој вели дека голем камен падна во морето и создаде голем бран кој ги потона малите чамци.