Македонија станува камен околу врат – Албанија ќе бара сама да ја продолжи кандидатурата во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 4:16 PM

Македонија станува камен околу врат – Албанија ќе бара сама да ја продолжи кандидатурата во ЕУ

Ова го потврдува албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска соопшти дека Албанија ќе побара од Европската унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од соседот Македонија, која е блокирана од Бугарија.

-Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга“, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави. Нашиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени, изјави Рама при претставувањето на националното истражување со повеќе од половина милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот на членството на двете земји да се разликува, пишува Ројтерс. 

Агенцијата потсетува дека двете држави во ЕУ требаше да бидат примени во 2020 година, меѓутоа се случи противењето од Бугарија за македонското членство.

Бугарскиот претседател Румен Радев неделава го прими во официјална посета албанскиот колега Илир Мета. Како што изјави Радев, Бугарија очекува Албанија да ја види во ЕУ и безусловно ја поддржува.