Рибарев, Здравева и Мицевски дефинитивно разрешени од судиската функција – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 4:05 PM

Рибарев, Здравева и Мицевски дефинитивно разрешени од судиската функција

Двајцата судии на Апелацискиот суд од Штип, Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски, како и врховниот судија исто од Штип, Стојанче Рибарев денеска беа разрешени од судиската функција од страна на Судскиот совет. Одлуката е конечна, по повторената постапка и прифатената жалба од страна Врховниот суд.

Како што претходно беше соопштено, Здравева е разрешена поради тоа што одлучувала по предметот за „Бетон – Штип“, застапуван од адвокатската канцеларија, каде работи нејзиниот син. Мицевски, како претседател на Апелацискиот суд, иако знаел за поврзаноста, не реагирал. Рибарев е земен на одговорност поради исклучување на одредени судии од АКМИС системот додека бил в.д. претседател на Кривичниот суд – Скопје. На трите разрешувања претходела постапка на сослушување и истрага за оправданоста на наводите.

Во извештајот од седницата на Судскиот совет стои:

Расправаше по Извештаи за констатирана фактичка состојба по барање за поведување постапка за одговорност на судија/претседател на суд:

По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција;

По 1(едно) барање утврдено е нестручно и несовесно вршење на судиската функција;

По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на функција како вршител на должност претседател на суд;

По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради потешка дисциплинска повреда;

По 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно  и несовесно вршење на функцијата како вршител на должност претседател на суд, пишува во соопштението од денешната седница.

Судскиот совет разрешил денеска уште еден штипски судија и еден од Основниот суд во Тетово. Нивните имиња не се соопштуваат, бидејќи имаат право на жалба.