Заборавено тенџере е причината за пожарот што вчера неколку минути по полноќ избувнал во стан на улицата „Македонска војска“ во скопската населба Ѓорче Петров.
Пожарот избувнал 15 минути по полноќ, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со две возила и пет пожарникари.