Гградинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени и за време на штрајкот, информираат од МТСП – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 2:06 PM

Гградинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени и за време на штрајкот, информираат од МТСП

Министерството за труд и социјална политика информира дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега.

-По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството додаваат дека, во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

-Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, појаснуваат од МТСП.

Нагласуваат дека сите предучилишни установи треба да го почитуваат Законот, Уставот на Република Северна Македонија и Конвенцијата за правата на детето и да го организираат згрижувачко воспитниот процес.