Оние што работат во фабриките ги плаќаат платите во државно, нивните 18.000 денари не треба да бидат причина за протест, рече Ковачевски – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 12:14 PM

Оние што работат во фабриките ги плаќаат платите во државно, нивните 18.000 денари не треба да бидат причина за протест, рече Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски им порача на административците од УПОЗ и на наставниците од СОНК да не ја поврзуваат минималната плата во приватниот сектор со барањата за покачување на нивните плати затоа што ги примаат своите плати благодарение на тие работници и работодавци.

Македонија е дел од најголемата светска економска криза од Втората светска војна па наваму и според него тоа влијае на инфлацијата која кај нас е увезена поради зголемените цени на нафтените деривати и производите.

– Минималната плата да не биде причина за отпочнување на протести. Затоа што тоа се работниците кои работат во фабрики, во услужен сектор и доминатно работат во приватниот сектор, а тој сектор ги плаќа платите на оние што работат на државно. Јавниот сектор има 138.000 вработени. Ги примаат своите плати благодарение на придонесите и даноците кои што ги плаќа приватниот сектор. Тоа не треба да биде причина за протести и да се врши притисок.

Голем број од Синдикатите кои беа присутни, лично ги вклучив сите и сите се сложија да се зголеми минималната плата. И јас сум за зголемување но преку методолошка рамка која нема да биде избрзана затоа што тоа може да предизвика дополнителен инфлаторен притисок кој ќе ги изеде приходите кои ги имаат работниците. Не е добро за социјалниот дијалог прво да се најави штрајк па потоа да се доаѓа на разговори – порача премиерот Ковачевски.

О.К.