Откако му беше дијагностицирана афазија, актерот Брус Вилис реши да се повлече од јавниот живот, а сега е виден за прв пат по објавувањето на веста.
Неговата сопруга Ема Хеминг (43) објавила фотографија, каде со Брус се шета во шума за време на чист пролетен ден.
View this post on Instagram
Актерот делувал среќно и изгледало дека ужива во друштвото на сопругата, која периодов му е голема поддршка.
Таа сподели и серија фотографии од патувањето на кои таа и Брус ги опишаа „Мама и тато во нивното омилено живеалиште“.
Семејството на Вилис, вклучително и неговата сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур (59) и петте ќерки, објавија заедничка изјава минатата недела преку Инстаграм во која се наведува дека холивудската икона „има здравствени проблеми и и е дијагностицирана афазија, која влијае на неговата когнитивните способности и дека нема да глуми во иднина“.