Во скопската Зоолошка градина изминатиов период се случија многу новитети. По цели 20 години се родија три нови бели лавчиња, а одделот „бејби бум“ се збогати со уште еден нов член берберска овца и бебето од видот двогрба камила (Бактријан), подмладок има кај лемурите и ламите.
Да не заборавиме и на повозрасните животни во Зоолошката градина кои исто така имаат важно место во Зоо семејството.
Мајмунката Баба Мими која зимскиуте денови ги помина под јамболија, овие пролетни денови таа се посветни на здравата храна. Велат дека во староста важни се витамините.