„Пораката е јасна, достоинствени плати за живот“- Синдикатот на УПОЗ не бара многу, бараме линеарно зголемување по 2.806 денари за сите – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 11:25 AM

„Пораката е јасна, достоинствени плати за живот“- Синдикатот на УПОЗ не бара многу, бараме линеарно зголемување по 2.806 денари за сите

Повеќе вработени во државните институции денеска се излезени на предупредувачки протест со што бараат линеарно покачување на платите.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски од пред Агенцијата за катастер, порача дека нема да дозволат денешниот предупредувачки протест да се одрази на платите на вработените, односно нема да дозволат ниту еден вработен да биде казнет.

„Пораката е едноставна и јасна, достоинствени плати за живот. Синдикатот на УПОЗ не бара многу, бараме линеарно зголемување на платите за сите вработени по 2806 денари, исплата на минимална плата по закон, како и корекција на сите други вработени што треба да добијат над минимална плата. Ситуацијата не е одржлива, вработените зад мене добија повторно под минимална плата, не добија никакво покачување и немаат добиено никакво покачување веќе многу години наназад“, рече Деаноски кој истакна дека денеска на протест се излезени сите вработени каде е застапен синдикатот на УПОЗ.

Тој рече дека одредени синдикални организации имале притисоци, таму каде што се притисоците поизразени колегите се внатре во сали организирани не им е дозволено да излезат надвор, но пак има прекин на рабониот процес.

Тој вели дека денешниот протест е на барање на врбаотените, после два дена ќе седнат за да го  слушнат гласот на синдикатот и ќе се договорат што понатаму.

(Г.Д.)

Фото: Принтскрин