Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, реши своите елегантни костуми да ги замени со маица и патики и не се откажува од таквиот имиџ.
Гардеробата на Володимир Зеленски е една од темите кои се коментираат во јавноста последните недели. Додека војната во Украина се разгорува, а Путин излезе на сцената во Лужники во јакна од 14.000 долари, на социјалните мрежи не остана незабележано дека претседателот на Украина дојде во Буча со патики од 50 долари.
Целиот свет може да забележи дека од 24 февруари, од почетокот на војната во Украина, Володимир Зеленски ја отфрли класичната униформа на политичарите – темно сини костуми, бели кошули и вратоврски.
Наместо тоа, претседателот на Украина во јавноста се појавува само во маслинесто зелени нијанси. Во таква гардероба тој комуницира со шефовите на држави и им се обраќа на пратениците во Европскиот парламент.
Zelensky in Bucha.
This is a REAL leader 🇺🇦🙌#Ukraine #NATO #Zelensky pic.twitter.com/IsUuOtIbiT— Jose Hndz (@JoseNasa) April 4, 2022
Модниот критичар и моден директор на „Њујорк тајмс“ истакна дека Зеленски стана симбол на силата и патриотизмот на украинскиот народ и верува дека претседателот изгледа сака да укаже дека е обичен човек кој е благодарен на украинскиот вооружен сили за нивната жртва.
Како што посочува тој, Зеленски на овој начин јасно ја изразува својата солидарност со народот, а не ги препишува заслугите на војниците, фалејќи се со целосна воена униформа.
Преземено од: https://www.b92.net/