Епидемиологот проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ од Србија вели дека сега повеќе го загрижува епидемијата на грип, која зема се поголем замав.
Според него, се почнало пред 15-20 дена кај децата од предучилишна возраст, па вирусот се преселил во училиште и веќе стигнал до возрасните. И ќе трае уште најмалку седум-осум дена.
„Регистрирани се три типа на грип – АХ1, АХ3 и Б и грипот сега станува посериозен проблем. Дава висока температура, болки во мускулите, зглобовите, луѓето навистина лошо се чувстуваат“, вели проф. Тиодоровиќ.
Тие што се вакцинирале против грип лесно ќе го преболат или воопшто нема да се разболат, вели проф. Тиодоровиќ, а тоа зависи од општата состојба на организмот.
„А оние што не се ќе бидат болни една недела. Мора да се одморат, да ја намалат температурата и да земаат витамини“, вели Тиодоровиќ.
Според професорот, Србија ја има тривалентна вакцина на „Торлак“ која ги покрива сите три типа на грип и увезената четиривалентна вакцина која го покрива сето тоа, плус два типа Б.
Преземено од: https://www.b92.net/
Фотографија: Printscreen/Prva TV