Рецептот е лесен за подготовка и не е наменет само за пушачи, туку и за сите вас кои пасивно пушите, односно секојдневно вдишувате чад од тутун.
Позитивното дејство на напитокот ќе го почувствувате по само три дена.
Ќе ја смири и најупорната пушачка кашлица, ќе го елиминира секретот и слузот во белите дробови, бронхиите повторно ќе ви бидат проодни и полесно ќе дишете. Искуствата на пушачите се исто така добри, но запомнете – откажувањето од цигарите треба да биде ваш приоритет.
Состојки:
Ѓумбир
Куркума 2 грама
Две чешни лук
Подготовка:
Во шерпата сипете вода и оставете да зоврие. Додадете ги состојките и варете 30 минути на средна температура. Веднаш штом ќе забележите дека напитокот станал погуст, тргнете го од оган и поклопете и почекајте еден час. Можете да додадете и две лажици мед. Кога напитокот ќе се излади, процедете го и истурете во тегла. Можете да го чувате во фрижидер и на полица.
Фото: dw.com