На редовниот состанок на Комисијата за заразни болести денес се донесено нови препораки за ублажување на антиковид мерките.
-Моменталните услови овозмоѓуваат намалување на рестриктивните мерки и препорачуваме укинување на мерката за задолжително носење маски во затворен простор. Од оваа мерка исклучок се јавниот превоз, здравствените установи, домовите за стари лица и аптеките. За овие четири затворени простори задолжително носење маски. За другите затворени простори маските може да се носат само по желба, не и задолжително, рече претседателот Петличковски и додаде дека препораката за задолжително носење маски останува за возрасните, имунокомпломитирани и о ние со хронични болести, како ефикасна мерка за заштита на здравјето.
Комисијата за заразни болести донесе и уште две препораки.
-Втората поважна мерка се однесува на следењето на контактите од потврдени случаи на Ковид-19. Поточно се укинува епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите. Ова се две крупни промени. Ние ја проценуваме епидемиолошката состојба и планираме постепени олабавување на мерките, бидејки не сакаме наеднаш да се соочиме со зголемен ризик, рече тој и додаде дека ова ќе го пратат како препорака до главниот Кризен штаб до Владата, од каде треба да се одобрат препораките.
Мерката за неносење маска на учениците од основните училишта беше донесена неодамна, но сега се препорачува укинување на маските и за наставниците.
Тие кажаа дека и новата хибридна подваријанта на омикронот не треба да не загрижува бидејки се работи за варијанта со благи симптоми. Доминантноста не е како Омикронот.
-Со оваа мерка и со следните мерки на олеснување не значи дека пандемијата е завршена. Ние планираме следни чекори во случај на услови кога би се зголемувале бројките. Затоа сакам да повикам на внимание и вакцинација. Ќе следуваат нови препораки за вакцини, рече Петличковски.
(В.М.)
Фото: Принтскрин видео