„Мамо, нема утеха за мајчините солзи и писмата натопени од моите солзи“ – Боки-13 на мајка му посвети песна од Пепи Бафторивски – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 12:23 PM

„Мамо, нема утеха за мајчините солзи и писмата натопени од моите солзи“ – Боки-13 на мајка му посвети песна од Пепи Бафторивски

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 на својот Инстаграм профил објави пост за неговата мајка, во кој и ги посвети зборовите од песната на Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“

-Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе. Постои ли клетва за оние што ни го направија ова зло, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни. Постои ли гума со која може да се избрише тортурата и оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам листовите хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував писмата од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав, пишува Боки 13 во исповед постот и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)


-Постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа… Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се “смилуваа” и ме пуштија во куќен притвор. Не постои! Постои само верба, надеж, љубов. Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато. Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка, напиша тој објавувајќи фотографии од  дочек на 2021 година, кога бил во куќен притвор.

Тој овој пост го завршил посветувајки и ги зборовите од песната на Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“.
-Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам, ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам, ако згрешам, нека изгорам!