Она што Путин го нарекува ослободување, јас го викам воени злосторства, рече Фон дер Лајен и најави нови санкции за Москва – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 11:16 AM

Она што Путин го нарекува ослободување, јас го викам воени злосторства, рече Фон дер Лајен и најави нови санкции за Москва

Европската унија ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, покрај последниот пакет мерки објавен вчера, а кои најверојатно ќе вклучуваат мерки против увозот на руска нафта, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
– Овие санкции нема да ни бидат последни, изјави Фон дер Лајен Данадс пред Европскиот парламент за време на претставувањето на последниот пакет санкции, кој вклучува забрана за купување руски јаглен.
Таа додаде дека сега останува да се „види нафтата и приходите што Русија ги добива од фосилните горива“.

Таа се осврна и на ситуацијата во Буча, каде над 400 цивили беа убиени.

„Сите ги видовме потресните слики на Буча. Ова е тоа што се случува кога војниците на Путин ја окупираат украинската територија. Тие го нарекуваат ослободување. Јас го нарекувам воени злосторства“, истакна Фон дер Лајен, дополнувајќи дека руските власти ќе одговараат за сите злодела.

МИА