Збогум Челзи – Абрамовиќ станува газда на фудбалски клуб во Турција – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/22 9:00 AM

Збогум Челзи – Абрамовиќ станува газда на фудбалски клуб во Турција

Претходните недели во јавноста се шпекулираше дека Абрамовиќ е возбуден што ќе инвестира во ЦСКА од Москва, но негов нов клуб треба да биде турскиот Гезтепе.

Претходните денови се зборуваше дека тоа е само „новинарска патка“, но медиумите од Турција сега наведуваат дека се е решено.

Наводно во следните 48 часа би требало да биде претставен како нов мнозински сопственик на Гезтепе, што би било навистина сензационално бидејќи се работи за клуб кој се бори за опстанок во Турција.

Турција е една од земјите кои не воведоа санкции за Абрамовиќ, згора на тоа, му дозволија да ја „закотви“ својата јахта, а потоа рускиот олигарх доби предлог да размисли за инвестирање во Гезтепе. Изгледа дека му се допадна она што го виде и веднаш посака да учествува во нивниот проект.

Турскиот новинар Рагип Сојлу наведува дека официјалната потврда ќе биде објавена во петок, пренесува Мондо.рс