Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа приватно во 01:30 часот по полноќ во капела во Лас Вегас, само неколку часа по завршувањето на Греми наградите минатата недела.
Дека се венчале 46-годишниот член на кланот Кардашијан и 42-годишниот тапанар, објави порталот ТМЗ. Извори блиски до парот им кажале, но нема фотографии од венчавката бидејќи славната двојка не дозволила никој да донесе мобилен телефон или било каков уред за снимање во капелата. Интересно е тоа што Кортни и Тревис инсистирале да бидат венчани со имитатор на Елвис Присли.
View this post on Instagram
Познатиот пар во Лас Вегас не останал незабележан, а многу сведоци за американските медиуми изјавија дека ги виделе како пијани се тетерават кон хотелот. Токму Тревис ја придружувал својата невестата додека таа влегувала во хотелот каде што престојувале.
Тапанарот на Блинк 182 зад себе има два пропаднати брака, со Мелиса Кенеди и Шана Моаклер, со кои има две деца, ќерката Алабама Луела и синот Лендон Ашер. Кортни е мајка на три деца, синовите Мејсон и Рејн и ќерката Пенелопе, а татко им е Скот Дисик со кој долги години беше во турбулентна врска.
ИЗвор: /dnevnik.hr