Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку се обрати во ОН, а презентираше и видео кое наводни ги покажува убивањата на руските војници врз цивили.
„Вчера се вратив од Буча, кој неодамна беше ослободен. Нема злосторства што Русите не ги извршиле таму. Убиваа жени кои се обидоа да повикаат помош. Убија цели семејства и се обидоа да запалат тела. Им сечеа екстремитети и им го сечеа вратот. Тие убиваа и силуваа жени пред нивните деца. И тоа го направија руските војници“, рече Зеленски.
Тој ги спореди злосторствата на руската армија со злосторствата на Исламската држава.
„Ги гледаме најлошите воени злосторства во Украина од Втората светска војна. Тие намерно создаваат масовно гладување, намерно уништуваат засолништа полни со цивили. Масакрот во Буча е само еден, за жал само еден пример за тоа што окупаторите и прават на нашата земја, рече Зеленски.
„Руската армија отворено ги ограбува градовите и селата што ги освоија. Крадат сè, почнувајќи од храна. Го крадат накитот на жртвите, накит на кој сè уште има крв. Ако вака продолжи, сите земји ќе се потпрат на своите вооружени сили, а не на меѓународното право. ОН тогаш може да престанат да работат. Дали сте подготвени за тоа? Ако не сте, тогаш мора да дејствувате итно“, рече Зеленски.
Погледнете го вознемирувачкото видео што тој го презентираше: