Вкупно 5200 евра казна изрече судот за побелувањето на реката Брегалница – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 5:25 PM

Вкупно 5200 евра казна изрече судот за побелувањето на реката Брегалница

Основниот суд од Штип го огласи за виновен управителот на компанијата „Техникал текстајл“ и правното лице за еколошкиот инцидент од 23 јуни 2020 година, кога во реката Брегалница кај Штип, истече бела хемикалија, што целосно ја побеле реката.

-Поради признание на вина, управителот на правното лице и правното лице се огласени за виновни и осудени на парична казна и тоа: на управителот на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност од 123.000 денари, а на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 200.000 денари, објави прес службата на Основниот суд од Штип.

На рочиштето што по три одлагања во речиси две години, се одржа на 29 март, на „Техникал текстајл“ и на управителот Јенс Венгланд, им се судеше за кривично дело „Загадување на животната средина и природата“ од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ и правно лице за сторено кривично дело по чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ, за настан случен на ден 23.06.2020 година во кругот на правното лице, лоциран во Штип, кога од небрежност можело да се предизвика значително оштетување на квалитетот на водата на реката Брегалница, и не се превзеле мерки за заштита, поради што дошло до истекување на течна хемикалија и големо количество на биолошки неразградливи супстанци преку одводен канал, кое довело до заматување на водата на реката.

Венгланд и адвокатот на компанијата во текот на судењето се извинија на градот и на граѓаните, за штетата што можеле да ја предизвикаат од небрежност, но, како што рекоа, не предизвикале штета по живиот свет и природата.

Инцидентот се случи при пукање на цревото, преку кое од цистерна во резервоарот на фабриката се пренесуваше течната хемикалија „латекс“, врзно средства, што се користи во производството. Течноста преку одводниот канал заврши во реката, која побеле и така остана со часови, додека не се избистри.

Делото за кое им се судеше на управителот и компанијата, кои ја побеле Брегалница предвидува максимална парична казна до 500.000 денари, што е на половина износ доколку се плати веднаш. Претходно со прекршочен налог по инцидентот, компанијата платила 2000 евра.

Претходен напис: За побелувањето на Брегалница „Техникал текстајл“ и управителот признаа вина и се извинија на градот