Македонија го има најевтиниот бензин на Балканот, најскапиот е во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 4:06 PM

Македонија го има најевтиниот бензин на Балканот, најскапиот е во Црна Гора

По руската инвазија на Украина дојде до силен скок на цената на енергијата во светот. Недостигот на дизел предизвикан пред се од намалените залихи од Русија влијае на растот на цените на горивата. Поради поскапувањето на горивата, повеќето европски земји воведоа или се на прагот да воведат мерки за поддршка за помош на поединци и бизниси.

Литар бензин во Венецуела чини само два евроценти, додека во Хонг Конг чини 2,62 евра. На Балканот бензинот е најевтин во Македонија. Податоците на веб-страницата Globalpetrolprices за 28 март покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг – 2,62 евра, пренесува Ал Џезира Балканс.

Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји по цена на литар бензин се и Холандија, Монако, Норвешка и Финска. Најевтиниот литар бензин во светот е во веќе споменатата Венецуела. Во Либија чини околу три евроценти, а во Иран речиси пет евроценти.

Во земјите од регионот, бензинот е најевтин во Северна Македонија – 1,33 евра, а најскап во Црна Гора – 1,74 евра, според Globalpetrolprices. Во Србија литар бензин чини 1,49 евра, во Словенија 1,53 евра, во Босна и Херцеговина 1,54 евра, а во Хрватска 1,58 евра.

Литар бензин во САД чини 1,1 евро и со таа цена се уште е многу пониска отколку во останатиот дел од индустријализираниот свет. Каква е ситуацијата во остатокот од светот дознајте во интерактивната мапа.

извор: Mondo/Al Jazeera

фото: МИА