Кој го крена во воздух резервоарот со азотна киселина? Нов инцидент во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 3:30 PM

Кој го крена во воздух резервоарот со азотна киселина? Нов инцидент во Украина

На истокот од Украина во воздук е разнесен резервоар со азотна киселина, што потенцијално може да го загрози здравјето на локалното население, изјавија претставниците на Украина и проруските сили, обвинувајќи се меѓусебно за нападот.
„Во Рубижне во областа Луганск, руските сили погодија резервоар со азотна киселина“, изјави за Телеграм Давид Арахамија, член на украинскиот преговарачки тим во разговорите со Русија.

Гувернерот на Луганската област Серхи Хајдаи на Фејсбук им испрати порака на жителите во која ги повика да не ги напуштаат засолништата.

„Ако сте дома, затворете ги прозорците и вратите“, рече тој.

Вооружените сили на самопрогласената Луганска народна република објавија на Телеграма дека „украинските националистички формации“ пред да се повлечат од градот разнеле резервоар со азотна киселина, по што се појавил опасен облак од отровен гас.

Извор: vesti-online.com

Фото: Твитер