За 4 часа санкционирани 23 пешаци во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 2:18 PM

За 4 часа санкционирани 23 пешаци во Штип

Штипската полиција продолжува со акциските контроли. Во текот на вчерашниот ден, освен возачите, се „дисциплинирани“ и пешаците. Само во периодот од 08.00 до 12.00 часот во акциската контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот, биле констатирани 23 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци, соопшти СВР Штип.

Во однос на контролата на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната,  биле констатирани 34 прекршоци, од кои 21 надвор од населено место и 13 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.