(Видео) Малата Амелија, која пееше во засолниште и го расплака светот, сега ја крена публиката на нозе – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/22 8:53 AM

(Видео) Малата Амелија, која пееше во засолниште и го расплака светот, сега ја крена публиката на нозе

Малата Украинка, Амелија Анисович, која го трогна светот кога ја отпеа песната Let It Go во засолниште, ја воодушеви публиката на велшкиот хорски натпревар.

Седумгодишната Украинка ја воодушеви публиката на годишниот хорски натпревар S4C Côr Cymru. Амелија стекна слава кога нејзиното видео во засолништето за бомби во Киев, каде што пее Let It Go од филмот Фрозен, стана вирално. Таа подоцна успеала да побегне во Полска со нејзиниот брат и баба.

Амелија во неделата беше гостинка во уметничкиот центар Абериствит, каде што ја отпеа украинската национална химна и Let It Go. Публиката стана на нозе и ѝ се заблагодари со громогласен аплауз, а насмеаната Амелија им покажа кренат палец.
Малата Украинка неодамна даде интервју за Би-Би-Си во кое им се заблагодари на сите кои го пофалија нејзиното пеење, пренесува индекс.хр.

“Ви благодарам што ви се допадна моето пеење. Вежбам пеење секој ден, наутро, попладне и навечер. Вежбам, затоа и испадна толку добро”, заклучило девојчето. „Отсекогаш ми беше сон да пеам“, додаде таа.