Сообраќајка на возило на Брза Помош на „Партизанска“, има повредени – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/22 5:50 PM

Сообраќајка на возило на Брза Помош на „Партизанска“, има повредени

Пред неполн час на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“ асе случи сообраќајна незгода. во која улествуваше возило на Брза Помош, кое превезуваше болен човек и се движеше во правец кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Што се случило и дали има повредени или загинати ММС се обрати во полиција од каде ни беше речено:

-Има повредени, но засега не можеме да кажеме ништо повеќе, бидејќи колегите се на терен, ни рекоа од 192 за ММС.

На Социјалните мрежи има фотографии на кои скопјани информираат дека сообраќајката се случила среде раскрсница на приватно возило и Брза Помош, и бидејќи возилото превезувало болен човек, на помош пристигнало друго возило на Брза Помош кое помогнало.
-Во 16.40 часот пријавено е дека на крстосницата од Партизанска и Климент Охридски се случила сообраќајна незгода помеѓу амбулантно возило и патничко возило. Полициски службеници упатени на лице место, ни рекоа од МВР и најавија детали за подоцна, бидејки увидот се уште трае.

ММС

Фото: Твитер