Скандал! Бившиот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал си купил бубрег на црно! – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/22 3:36 PM

Скандал! Бившиот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал си купил бубрег на црно!

Пред три години се појави информација дека Ерик Абидал го искористил тоа што го купил од „црниот пазар“ при трансплантација на црн дроб, а наводно му го обезбедил тогашниот претседател на Барселона, Сандро Росељ, но тие веднаш ги демантираа наводите и рекоа дека се е легално.

Абидал тогаш изјави дека неговиот братучед му го донирал црниот дроб, но сега се појавија нови информации кои доведуваат до нови компликации во случајот за кој е заинтересирано и шпанското обвинителство.

Весникот „Ел Конфиденсијал“ пишува дека телефонските разговори од април 2017 година откриле дека имало „притискање“ за купување органи на црниот пазар, а дека токсиколошкиот наод покажал дека Абидал и донаторот не се роднини. Така Абидал ја излажа јавноста и начинот на кој стигна до црниот дроб е повторно под истрага.

Наводно сè договорил Росељ, кој моментално е во затвор поради „перење пари“, а несомнено е дека докажувањето на овој прекршок би го оставило уште подолго зад решетки.

Абидал, пак, не го коментираше случајот.

Да потсетиме, поранешниот француски дефанзивец во 2011 година објави дека има тумор на црниот дроб. Една година подоцна, тој беше опериран и беше објавено дека неговиот братучед Џерард е донатор. Тој се врати во фудбалот и повторно играше за Барселона, каде што сега е на фотелјата, но истрагата доведе до нови сознанија.

извор: Mondo.rs

фото: fcbarcelonalatestnews.com