Актерката, која го роди синот Хенри во 2008 година, кога имаше 37 години, зборуваше за својата неочекувана бременост во подкастот “The Healthy Baby Show”.
Таа призна дека била целосно запрепастена кога дознала дека е бремена, набрзо по раскинувањето на врската од тогашното момче Тимоти Ли.
Мини првите симптоми на бременоста си ги препишала како грип!
„Ми рекоа дека не можам да имам деца кога имав 18 години. Тој ужасен доктор влезе во ординацијата и буквално ја спореди мојата матка со затнат одвод во тоалетот. Ништо не поминува низ тоа. Нема да имаш деца. Така јас верував во него и во тоа цел живот“, изјави славната 52 годишна актерка.
Таа се присети и како докторот ја нарекол „неплодна“, што го смета за апсурден начин да се опише жена која физички не може да има дете.
„Колку е смешно да им се каже дека се празни, како да се неплодни значи да се биде мртов. Неплоден предел, каде што нема плодност. Тоа е апсурдно“, додаде таа.
Но, две децении подоцна, Мини се соочила со шокантно сознание – забременила!
„Кога имав 37 години, на 1 јануари се разбудив со грип и бев ужасно лута. Си реков: „Ти имаш грип“. Неодамна раскина со некој кој беше добар, но не вистински. Немаш деца, немаш работа. Не знаеш што да правиш со себе… И тогаш дознав дека сум бремена. Сестра ми ми рече дека мисли дека сум бремена. Јас реков: Не биди смешна. Не можам да имам деца, објасни Драјвер.
„Но, сепак, се покажа дека сум бремена, а потоа реков: „Ова е чудо“.
Извор и фото: курир.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб