Како настрада турскиот државјанин, кој почина вчера во болница – МВР со детали за двајца повредени – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/22 4:59 PM

Како настрада турскиот државјанин, кој почина вчера во болница – МВР со детали за двајца повредени

МВР информира за една необична ситуација, пријавена од Р.Е (34) од Скопје, во кое тажен крај доживеал турски државјанин, кој починал  во Комплексот клиники “Мајка Терза“

-На 02.04.2022 Р.Е. (34) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во Скопје на ул. “Радован Ковачевиќ“, движејќи се со своето возило забележал две непознати машки лица, од кое едното барало помош, а другото било повредено. Потоа Р.Е., според негово кажување, ги качил во своето возило и ги однел во Комплексот клиники “Мајка Терза“. Откако ги внеле внатре, едното лице незабележано заминало, додека на другото повредено лице му била пружена лекарска помош, при што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Од страна на полициски службеници констатирано било дека се работи за М.К.(42) од Република Турција. Истиот ден околу 19.30 часот М.К: починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираатод МВР.