Да не беа три сестри кои сакале ист маж немаше да се роди „Јутро“- Овации на концертот на Јелена Томашевиќ – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/22 2:05 PM

Да не беа три сестри кои сакале ист маж немаше да се роди „Јутро“- Овации на концертот на Јелена Томашевиќ

„Три сестри во Бока Которска сакале ист човек, морнар, кој не можејќи да се одлучи која од трите ја сака најмногу, отишол да се осами на море. Од својот брод никогаш не се вратил, а трите сестри умреле од љубов по него една по една, чекајќи го на прозорецот“.

Ова го раскажа  српската музичка ѕвезда Јелена Томашевиќ на синокешниот концерт во НУБ најавивајки го својот голем хит „Јутро“.

А не е само оваа песна поради која салата беше исполнета до последното место. Публиката уживаше и во нејзините хитови како „Океани“, „Мед и жаока“ и многу други, а на крајот  на концерот испеа неколку изворни народни песни, и рече дека  нејзината најомилена македонска народна песна е „Судбо моја“, која ја изведе заедно со публиката.

Оваа песна Јелена  ја испеа на проектот на Гарабет Тавитјан и браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“.

Украс на концертот, како пто рече Јелена беа дечињата од училиштето „Боро Џони“ од Струмица, кои како вистински професионалци со неа изведоа две песни.

Крајот на концертот беа „Врањанка“,  „Бело лице љубам јас“ и  евровизиската „Оро“, по која публиката ја испрати на нозе и со овации.

Фото: Вангел Тануровски