НАТО требаше да се распадне пред 30 години, тие се виновни за кризата во Украина, тврди Лиџијан, МНР на Кина – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/22 12:04 PM

НАТО требаше да се распадне пред 30 години, тие се виновни за кризата во Украина, тврди Лиџијан, МНР на Кина

Кина смета дека НАТО требало да се распушти веднаш по распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи западната алијанса беше создадена за да го ограничи Советскиот Сојуз, кој престана да постои, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Наместо да се распушти, рече Жао, западниот воен блок предводен од САД се прошири на исток и ја турна Русија во ќош, што на крајот предизвика конфликт во Украина, пишува Раша тудеј.

„Како производ на Студената војна, НАТО требаше да влезе во историјата кога се распадна Советскиот Сојуз“, изјави портпаролот на кинеското министерство.

Тој додаде дека НАТО со децении се шири кон исток, кршејќи ги ветувањата дадени на советското раководство.

https://www.youtube.com/watch?v=wU5k6AN0uvo&t=12s

Тоа ја турна Русија „во агол“, поради што на крајот НАТО беше „иницијатор и најголем промотор на украинската криза“ во име на САД, додаде Жао, нагласувајќи дека организацијата треба да размисли како придонесува за европска безбедност.

Москва како клучна причина за започнување на специјална операција во Украина ја наведе заканата од ползечкото ширење на НАТО на исток. Пекинг се согласи со оправдувањето, иако ја критикуваше употребата на воена сила како метод за решавање на ситуацијата.

Кина постојано ги обвинуваше западните земји за ескалација на тензиите со Русија, велејќи дека нивното одбивање да се осврнат на легитимните грижи на Москва е причина за кризата.

Пекинг одби да се приклучи на санкциите против Русија, нарекувајќи ги нелегални и неспособни да го решат проблемот.

САД и нивните сојузници ја обвинија Кина дека е на „погрешната страна на историјата“ во Украина, заканувајќи му се на Пекинг со казна доколку ја поддржи руската воена кампања.

Извор: Курир.рс

Фото: Принтскрин Јутјуб