Најголемиот баксуз на светот: Купил луксузно Ферари, а по само три километри успеал да го уништи во бизарна несреќа – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/22 9:08 PM

Најголемиот баксуз на светот: Купил луксузно Ферари, а по само три километри успеал да го уништи во бизарна несреќа

По само три километри возење, светло-црвениот луксузен спортски двосед беше единствениот учесник во бизарната сообраќајна несреќа што се случи во англискиот град Дарби. Фотографијата на социјалните мрежи ја сподели полицијата од овој британски град.

„Возачот утрово купи Ферари и го уништи по неполни три километри. Нема повредени“, се вели во соопштението на сообраќајната полиција во Дербишир.

Претставник на медиумите од полицијата изјави дека полицијата добила повик од итната помош нешто пред 11 часот. Во судирот учествувало само едно возило.

За среќа, освен уништениот автомобил, во несреќата нема повредени.

извор-blic.rs