Во Штип дуваше ветер со брзина до 70км/ч – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/22 6:53 PM

Во Штип дуваше ветер со брзина до 70км/ч

Променливо облачно со сончеви периоди, беше времето денеска  Во крајните западни и источни делови имаше повремени локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи.

Дуваше умерен до засилен југозападен ветер кој на повеќе места дуваше со брзина над 40, а во Штип достигнуваше до 70км/ч.

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. На места ќе има локален дожд, кој во источните делови ќе биде проследен со грмежи и силен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. На планините врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 9 до 18 степени.

УХМР

foto-arhiva