Арамии со употреба на сила влегле во адвокатска канцеларија и успеале да украдат сеф со пари. Полицијата трага по нив.
„На 01.04.2022 околу 08.05 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во канцеларија на адвокатско друштво на бул.„Кочо Рацин“ било влезено со употреба на сила и бил одземен сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, “ информираат од МВР