Во скопската населба Мичурин денеска, како последица од силниот ветер, се откорна покрив од зграда, потврдија за МИА од Противпожарната служба – Скопје.
Оттаму наведоа дека од покривната конструкција биле откорнати лимови.
На терен интервенирале петмина припадници на Противпожарната служба со две возила.
миа