Три напитока кои го забрзуваат метаболизмот и намалуваат килограмите – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/22 10:00 PM

Три напитока кои го забрзуваат метаболизмот и намалуваат килограмите

Кога сакаме да ослабеме, најголем акцент ни е на исхраната, а малкумина од нас внимаваат што пиеме за време на диетата.
Како што постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, така постојат и неколку пијалоци кои успешно согоруваат калории, а од друга страна позитивно влијаат на имунитетот. Пробајте пијалоци кои ќе ви помогнат да ги стопите мастите.
1. Топла лимонада
Овој напиток ефикасно го забрзува метаболизмот, а витаминот Ц го поттикнува топењето на масните наслаги и истовремено го зајакнува имунитетот и позитивно делува на кожата. Исцедете половина лимон во шолја топла вода, а ако не ви се допаѓа вкусот, додадете свеж сок од половина портокал, така што утринскиот пијалок ќе ви биде за нијанса посладок. Ако навистина не можете да пиете лимонада без шеќер, додадете малку мед.
2. Сок од целер
Сокот од целер помага во борбата против вишокот килограми, а истовремено ја подигнува енергијата, па затоа е совршен избор за првиот утрински пијалок. Целерот е богат со витамин А, но и со витамини Б, Ц и Е, кои поттикнуваат темелно чистење на телото, па сокот од овој зеленчук е одличен детоксикација за организмот. Во блендер ставете неколку гранчиња целер, додадете малку магдонос и чаша вода. Изблендирајте се и пијте.

3. Свежо исцеден сок од јаболко

Јаболката е позната како овошје со многу малку калории. Богата е со влакна, па е идеална за оние кои патат од опсипација. Ставете неколку јаболки во соковник, и ќе добиете превкусен сок, кој ќе направи чудо во вашиот организам. Ако го чувате во фрижидер ќе биде превкусен и освежувачки, за време на летните горештини.

Извор: informer.rs