Хана Борн Тејлор го напуштила Лондон и се преселила во Гана со нејзиниот сопруг Робин поради неговата работа.
Бидејќи на почетокот не работела, Хана деновите ги поминувала истражувајќи ја природата и локалните птици. Еден ден нашла напуштена сипка која испаднала од гнездото. Како што рекла, малото птиче тогаш имало едвај еден месец, а Хана веќе знаела дека нема да ја остави.
„Очите и беа целосно затворени и се тресеше. Беше премногу млада за да преживее сама,“ рече таа.
Сипката била со големина на нејзиниот прст и Хана решила целосно да се посвети на нејзиното закрепнувањето. Истражувала како подобро да се грижи за сипка, а во разговор со експерт Хана дознала дека на нејзината миленичка ќе и требаат 12 недели за да биде подготвена за надворешниот свет.
Иако Хана на почетокот го ставила во картонска кутија во која претходно ставила кујнски крпи во обид да и направи гнездо, малата сипка имала други планови и се сместила ни помалку ни повеќе туку во нејзината коса.
„Јас бев нејзината мајка. Таа живееше во мојата коса следните 84 дена. Таа леташе до мене или се грижеше за мене додека одев низ куќата, пешачејќи или возејќи автомобил. Додека сè уште учеше да лета, правеше кратки лулашки од моите раменици до мојата глава, а потоа повторно се одмараше во мојата коса – се сеќава Хана.
Британката, која по професија е писателка, признала дека птицата секојдневно и правела мали „гнезда“ во косата, собирајќи прамени со клунот, во кои подоцна ќе се смести.
-„Станавме многу поврзани. Си требавме – изјавила Хана.
Сепак дошол денот кога сипка се вратила во природата, а Хана собрала доволно сила за да и дозволи на нејзиното милениче да ги рашири крилјата. На почетокот и дозволила да ги набљудува другите сиби и да се обиде да комуницира со нив, а четвртиот ден одлетала. На крајот на краиштата, сопственичката тврди дека е толку приврзана за својот крилест пријател што сè уште е многу емотивна кога мисли на неа.
извор-kurir.rs