Ниту дождот не ги поколеба најмладите да продефилираат на плоштадот во Скопје во најразлични маски.
Денот на шегата е најубав и на него најмногу се радуваат дечињата. Облечени во маски на суперхероите Спајдермен и Бетмен, полицаец, кај момчињата, а повеќето девојчиња беа облечени како принцези, Буба Мара, Снежана и други ликови од приказните.
Сепак, од оние ретките кои прошетаа на плоштадот, највпечатлива беше еколошката маска-отпад, идеја на група деца од градинката „Мини фини буџетчиња“.
– Идејата ја добивме односно инспирацијата од целокупниот проект на кој интензивно сме посветени два месеци и од тоа се што беше сработено преку игри активности поврзани со екологијата, рециклирање, заштитување на животната средина, како дел од проектот се собраа децата и дојдоа до идеја јас да бидам отпад, конкретно јас сум пластика, изјави педагогот на групата дечиња.
Освен креативни маски, на плоштадот недостасуваше и манифестацијата „Априлијада – Скопје се смее“ која беше прекината поради настаната ситуација со Ковид пандемијата.
МИА