Мирослав Петровиќ, братот на загинатиот Петар, истакнува дека за несреќата во русникот Соко ги известил другиот брат.
Веста за маките на најмладиот рудар Петар Петровиќ (31), кој утрово загина по експлозијата во рудникот Соко, семејството ја дозна од неговиот брат, кој исто така работи во рудникот. Семејството на жртвата Петар вели дека загинатиот рудар зад себе има сопруга и две мали деца.
Мирослав Петровиќ, братот на жртвата Петар, истакна дека за несреќата ги известил другиот брат.
– Работи долго време. Има сопруга и две деца, живее во Сокобања. Ја слушнав сирената, кога ќе се слушне сирената знаете што е – вели видно потресен Мирослав.
Тој посочува дека мајка му прво го известила за тоа што се случило, но и дека за трагедијата дознале од неговиот брат.
– Мајка ми ми кажа што се случило. Брат ми Стојан работи горе, тој и Петар не се иста смена. Петар ја одработи третата, а Стојан отиде прва смена да го замени – вели Мирослав и додава дека Стојан дознал кога пристигнал на теренот.
Рано утринава имаше експлозија на метан во рудникот „Соко“. Загинаа осум рудари, а голем број беа повредени.
Но, министерката за рударство и енергетика на Србија Зорана Михајловиќ на прес-конференција во рудникот „Соко“ изјавила дека во тој рудник немало експлозија, туку дека загинатите рудари се задушиле поради високата концентрација на метан.
Извор: srbijadanas.com
Фото: Принтскрин Јутјуб