Не знам да лажам, веднаш ќе ме фатат – Манекенката Ангела Јакимовска е мачка, а во што ќе се маскирате вие? – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/22 1:24 PM

Не знам да лажам, веднаш ќе ме фатат – Манекенката Ангела Јакимовска е мачка, а во што ќе се маскирате вие?

Не лажам, веднаш ќе ме фатат, вели моделот Ангела Јакимовска, која во пресрет на денот на шегата реши да стане  мачка.

Ангела, која е и водител на тв магазинот Бекстејџ вели дека ужива да ги гледа најмладите кои денес се шетаат маскирани, бидејки кога била дете таа истото го правела и затоа сега ја фаќа носталгија за тој безгрижен периот.

-Секако дека сум се маскирала. Сум носела маски, кои мајка ми ми ги купувала, а потоа и сама бирав. Сум се маскирала во полицајка, пролет, сум била мачка ама и  докторка.. Се некои строги професии.  А се имам маскирано и во бебе, со памперс отидов во школо. Инаку искрено многу ги сакам мачињата. Како дете сум ставила мачка во фризидер, зашто сакав да ја посвојам.  И токму поради таа голема љубов кон мачките, мене најлчеста маска ми била мачка, вели Ангела.

Денес може и да се лажи, а на тие лаги треба да се прости, бидејки се искажани на шега. Иако АНгела вели дека не е тип што знае да лаже, сепак, сака да прави шеги.

-Правам шеги секако. На Стефан, кој ми е гостин во емисија,  му дадов да пие вода, демек да се натпреваруваме кој повеќе ќе испие а шишето му беше дупнато. Не сум човек што знае да лаже. Не го знам јас тоа, не сакам ниту, пак, да го научам. Кога лазам веднаш ме фаќаат.  Сакам да се шегувам ама не и да лажам. Правам шеги на најблиските. Па мене  овој ден секогаш ме потсетува на дружење и маскирање, вели манекенката.

Според неа убаво е барем на овој ден да се потсетиме дека човек треба и да се шегува, ма каков и да бил животот. Таа смета дека младите, во кои спаѓа и таа, заборавиле да се смеат и да се шегуваат.

 

-Мислам дека заборавивме да се смееме. Многу од младите не ја живеат младоста, се се некаде во брзање и нервоза. Навистина многу се изменети нештата, за жал. Сметам дека е најважно да се биде весел и среќен и да живее во моментот. Да има време и за професионален и приватен живот. Едноставно да се ужива во животот, вели Ангела.

(В.М.)