Брус Вилис не е единствениот, кој се од славните личности боледува од афазија – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/22 8:00 PM

Брус Вилис не е единствениот, кој се од славните личности боледува од афазија

Веста дека актерот Брус Вилис (67) се повлекува од актерството, бидејќи боледува од афазија, се прошири низ светот.

Сепак, тој не е првата славна личност која се соочува со ова нарушување. Афазијата обично се јавува ненадејно по мозочен удар или повреда на главата и вклучува тешкотии во обработката или изразувањето вербална и писмена комуникација.
Актерот не е единствената ѕвезда што страда од оваа состојба.

Актерката Шерон Стоун (64) колабирала во својот дом во 2001 година поради аневризма на мозокот и доживеала последователно церебрално крварење кое траело девет дена. Таа тогаш имаше 43 години. После тоа ја изгубила способноста за читање и добила проблеми со говорот, а почнала и да пелтечи.

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк (35) доживеала болна главоболка по снимањето на првата сезона од серијата во 2011 година додека тренирала со нејзиниот тренер.

“По крварењето не можев да се сетам на моето име. Наместо тоа, од мојата уста излетаа глупости и почна да ме фаќа паника. Никогаш не сум доживеала таков страв”, опишала актерката во есејот што го напишала за Њујоркер минатата година.

Нејзината афазија исчезнала за една недела.
Поранешниот метеоролог и естраден репортер Марк Меквен (67) работеше во CBS 16 години пред да доживее мозочен удар во 2005 година.

Меквен на својата веб-страница напиша за борбата против афазијата, а исто така откри дека пеењето песни од Стиви Вондер и Битлси му помогнало да зборува потечно.

Овој феномен се јавува затоа што левата хемисфера на мозокот е одговорна за јазикот, но десната хемисфера е повеќе специјализирана за мелодија.

Извор: najzena.rs