Швајцарија денеска ги укина последните преостанати ограничувања за Ковид-19, а Италија ја прекина вонредната состојба прогласена поради пандемијата.
Во Швајцарија, маските повеќе не се задолжителни во јавниот транспорт и здравствените установи, а апликацијата „Ковид-19″ за следење контакти е деактивирана.
Луѓето заразени со коронавирус повеќе не мора да одат во самоизолација, но властите, сепак, ги повикуваат да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19. Тие оценуваат дека кај населението преовладува висок имунитет, а состојбата на интензивна нега е стабилна.
Но, и натаму сакаат да одржат „засилена будност” до пролетта 2023 година.
Властите во Рим, пак, одлучија да ја укинат вонредната состојба наметната од пандемијата, како и зелената пропусница за местата каде беше потребна.
Од денеска, гостите во хотелите повеќе нема да треба да докажуваат дали се вакцинирани против Ковид-19, дали биле заразени со вирусот или имаат негативен тест. Овој сертификат повеќе не е потребен ниту за влез во ресторани и барови на отворено, но за внатрешниот простор и натаму се бара.
Маските се уште се неопходни во затворен простор. Сертификатите исто така повеќе не се потребни за влез во музеи и изложби, но се бараат во театри, кина и концерти на затворено.
МИА