Во полициска акција и претреси вчера во Кочани пронајдени се и одземени дела од кражби.
Од СВР Штип инфромираат дека акцијата била спроведена по претходно добиени спознанија.
-Полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на 4 локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина. При претреси во две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците, информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Инспекторите од двата државни инпектората кај правните лица констатирале неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност”.
Од СВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.