Британските медиуми објавија дека бил ограбен луксузниот дом на славната двојка Викторија Дејвид Бекам во западен Лондон.
Крадците на 28 февруари доцна вечерта насилно упаднале во нивниот дом во Кесингтон, додека тие биле во домот со нивната десетгодишна ќерка и не забележале дека е провалена куќата се додека нивниот син Круз Бекам не се вратил од ноќно излегување и не нашол скршен прозорец и ограбена спална соба.
Beckham burglary was discovered by David and Victoria’s 17-year-old son Cruz https://t.co/9Z4yrlveMx
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 31, 2022
-За среќа крадците успеале да влезат само во спалната соба, рекол извор близок на познатиот пар.
Од полицијата за медиумите потврдија дека полицијата одговорила на пријавите за грабежот на 1 март околу полноќ.
Пријавено е дека се украдени повеќе предмети, а засега никој не е уапсен, а истрагата се уште е во тек.
Според The Sun, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од илјадници фунти, пренесуваат медиумите.