СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ј.(45) и Е.Ј.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
-Во текот на 2020 и 2021 година, пријавените на 19 социјално загрозени лица од Штип, приматели на парична помош и други социјални додатоци, им давале пари на заем, а за услугата им наплаќале камата од најмалку 50 % од дадениот заем. Како залог, пријавените им ги земале платежните банкарски картички со пин кодовите и континуирано по секоја пристигната месечна социјална помош на сметките на оштетените, пријавените од банкомат подигале пари сѐ до целосно враќање на заемот, информираат од МВР.