„Додека бев на власт никаде немаме изгубено, сега е време на некој друг„ – Вучиќ ќе поднесе оставка од претседател на СНС – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 3:53 PM

„Додека бев на власт никаде немаме изгубено, сега е време на некој друг„ – Вучиќ ќе поднесе оставка од претседател на СНС

Претседателот на Србија и кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претседателските избори, Александар Вучиќ изјави дека по изборите ќе учествува во изборот на влада и дека потоа ќе поднесе оставка од раководството на партијата, јави дописникот на МИА од Белград.
– Десет години на чело на партијата е долг период, тоа е период во кој СНС никаде нема изгубено, што е неверојатно и време е некој друг да и се посвети, изјави Вучиќ за Политика и додаде дека „изборната волја на граѓаните ќе биде толку јасно изразена што не може да биде појасна“.
За тврдењето на еден од неговите противкандидати да слушнал од сигурни извори дека побарал разбирање што Србија не воведува санкции кон Русија до изборите, Вучиќ кажа дека тоа се „лаги“ и дека „никогаш не го кажал тоа никому“.
На прашањето за притисокот врз Србија, тој кажа дека „ќе биде многу тешко кој и да победи на изборите“.
– Со неколку дена во Брисел и Вашингтон, претходниот месец во однос на надворешнополитичката перспектива, за мене беше најтешкиот месец. Се плашам дека по падот на Мариупол ќе дојдат уште потешки времиња. Ќе видиме, наше е да се бориме и да гледаме да го извлечеме најдоброто што можеме за нашата земја, кажа Вучиќ.

МИА